По десет години поминати во дресот на Манчестер сити, Кевин де Бројне и официјално кажа дека ќе си замине од клубот на крајот од сезоната. Белгискиот репрезентативец беше еден од клучните играчи на Граѓаните кои доминираа во англиското првенство, освојувајќи шест титули во Премиер лигата и еден трофеј во Лига на шампиони.
Откако стана јасно дека Де Бројне ќе бара нов клуб, веднаш започнаа шпекулациите каде ќе продолжи од следната сезона. Самиот играч истакна дека за него ќе биде најважно клубот кој ќе го одбере, да биде со визија и јасна цел за големи дострели.
Најновите шпекулации се дека Де Бројне може да остане во Премиер лигата и тоа во тимот на Ливерпул. Еден од најдобрите играчи за врска смета дека уште може да игра на врвно ниво, па токму затоа во игра се и најсилните клубови во светот.
Друга опција е Де Бројне да замине во САД, каде неколку клубови се спомнуваат како можна дестинација. Во игра се Чикаго фајрс, Интер Мајами, Ди Си Јунајтед и Њујорк.