Де Бројне: Титулата во Премиерлигата ми е позначајна од таа во Лигата на шампионите

Еден од најдобрите фудбалерина светот и ѕвезда на Манчестер сити, Кевин Де Бројне, изјави дека според него, титулата во Премиерлигата е позначајна од таа во Лигата на шампионите, бидејќи покажува континуитет и стабилност.

Де Бројне трипати го има освоено англиското првенство, но уште нема титула во ЛШ.

„Ако мора да одберам, ја преферирам Премиерлигата. Ова првенство ја демонстрира стабилност на играчот во текот на целата сезона. Во ЛШ треба да бидете добри, но само во одредени моменти. Во Премиерлигата има повеќе натпревари, а во ЛШ е како лотарија. Има фудбалски легенди кои никогаш не ја освоиле Лигата на шампионите, па нема да биде крај на светот ако не ја освојам ниту јас. Еден пехар не ја одредува вашата цела кариера“ – вели Де Бројне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести