Де Бројне е „машина“ за асистенции, Манчестер сити го демолира Клуб Бриж

Манчестер сити славеше убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај Клуб Бриж во рамките на третото коло од групата А во Лигата на шампионите.

Жоао Кансело (30′) и Ријад Марез (43′) му обезбедија на Пеп Гвардиола да замине мирен на паузата меѓу двете полувремиња, а во вториот дел за убедлив триумф се погрижија и Кајл Вокер во 53-тата минута и Калум Палмер во 67-мата минута.

Белгискиот тим намали преку Ханс Ванакин, но Марез со својот втор гол стави „печат“ на победата.

Нова одлична партија во дресот на Граѓаните имаше Кевин де Бројне, кој асистираше за третиот погодок, а тоа воедно беше и неговата 16-тата асистенција во Лигата на шампионите на 36 одиграни натпревари од почетокот на сезоната 2016/17.

Подобри од него во оваа статистика се Нејмар (19 асистенции, 40 натпревари) и Килијан Мбапе, кој има 18 успешни завршни додавања, но има одиграно дури 48 средби.

На втората средба од раниот термин за „елитен“ фудбал, Спортинг Лисабон го победи Бешикташ од групата Ц со 4:1.

Првото полувреме беше спектакуларно и видовме четири гола, Кајл Ларин стрелаше за домашните во 24-тата минута, откако претходно првакот на Португалија поведе преку Себастијан Коатес.

Истиот играч го даде и вториот гол за гостите, а Пабло Сарабија беше успешен реализатор на пеналот во завршницата на првите 45 минути.

Домаќините има за што да жалат бидејќи Алекс Тешеира исто така во првиот дел постигна гол, но истиот беше поништен со ВАР-одлука поради офсајд.

Конечниот резултат го постави Паулињо со погодокот во 89-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести