Де Бројне: Имавме добар план, но на крајот немавме среќа

Белгија уште еднаш остана разочарана на големо фудбалско натпреварување. Репрезентацијата која во изминативе години беше и на врвот на ФИФА-листата, сепак не успеа да направи успех на ЕП 2024 година откако беше елиминирана во осминафиналето од Франција.

Капитенот Кевин де Бројне е разочаран поради поразот велејќи дека едноставно среќата им го свртела грбот.

„Тешко е да се браниш против Франција ако им дозволиш многу простор за напад. Ги имаат Мбапе, Гриезман, Тирам, кои се одлични во ситуација еден на еден. Знаевме дека нема да ја контролираме топката, но имавме план и тоа беше добар план. Имаше моменти кога бевме опасни. Штета е што примивме таков гол, но тоа е фудбалот. Планот беше добар до пет минути пред крајот“, вели Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести