Де Бур сурово искрен: Во Интер го викавме Габи- не гол, ништо не правеше

Некогашниот тренер на Интер, Холанѓанецот Франк Де Бур, имаше прилика кратко да работи со Габриел Барбоса, но не бил воодушевен од знаењето на популарниот Габи-гол.

Габи не се снајде во Интер во сезоната 2016/2017, ниту подоцна во Бенфика, па се врати во Бразил, во Сантош, од каде прејде во Фламенго. Синоќа Габи го креваа до небо во неговата земја, откако со два гола му донесе титула на Фламенго во Копа Либертадорес.

Габи-гол наскоро веројатно ќе добие нова шанса и ќе биде ангажиран од некој голем европски клуб.

„Сите ме убедуваа дека е фантастичен играч, но немав многу информации за него, освен од луѓе кои го гледале и ни го нудеа. Прекарот му е Габи-гол, но ние во Интер го викавме Габи-не гол. Имаше придружници кои му ги пополнуваа социјалните мрежи, се шеташе со телохранител, но на терен ништо не покажа“ – вели Де Бур кој сега е тренер на американскиот тим Атланта јунајтед.

Дали Де Бур беше лош тренер или на 23-годишниот Габриел не му лежи Европа, веројатно наскоро ќе се дознае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести