Искусниот шпански голман Давид де Хеа синоќа го имаше својот прв официјален настап на еден фудбалски натпревар за првпат по пауза од 447 дена и не се прослави.
За очекување беше дека Де Хеа е излезен од ритам, но противниците на Фиорентина, унгарската Пушкаш академија, многу брзо го вратија Шпанецот во реалноста. Му дадоа два гола веќе по првите 12 минути од средбата, а потоа го совладаа и во финишот на мечот, кој заврши 3-3.