Де Геа официјално се прости: Тоа беа 12 убави години, Манчестер јунајтед секогаш ќе ми биде во срцето!

Голманот Давид Де Геа си заминува од Манчестер јунајтед, официјално потврдија од клубот.

„Би сакал да искажам благодарност за љубовта која ми беше давана во овие 12 години во клубот. Секогаш со огромна гордост го носев дресот на најголемиот клуб на светот. Манчестер секогаш ќе ми биде во срцето“ – рече Де Геа кој е еден од најдобрите голмани во историјата на Црвените ѓаволи.

Шпанецот во Јунајтед дојде од Атлетико во 2011 година, и имаше 545 настапи за Манчестер. На 190 меча не прими гол и тоа е клупски рекорд. Со Јунајтед ги освои Премиер лигата, ФА купот, Европа лигата и два Лига купа.

- Оглас -

Најнови вести