Де Хеа доаѓа во Италија и ќе брани за поранешен клуб на Горан Пандев?

Шпанскиот голман Давид де Хеа се враќа на терените по една година отсуство од фудбалот. Еден од најдобрите голмани во историјата на Премиер лигата помина 12 години во Манчестер Јунајтед пред клубот да одлучи да не му го продолжи договорот.


Тој паузираше една сезона, но сега е подготвен за камбек.


Англиските медиуми пишуваат дека има понуди од Саудиска Арабија, МЛС лигата на САД, но и од Италија.


Медиумите на Апенините откриваат дека понудата од Серија А пристигнала од Џенова, поранешниот тим на Горан Пандев.


Де Хеа сериозно ја разгледува опција да застане на голот на Џенова и да заигра во италијанскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести