Де Хеа: Екипи како Челзи мора да ги победуваме

Давид де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед, вели дека Црвените ѓаволи ќе мора да победуваат во дуели како тој против Челзи ако гигантот од „Олд Трафорд“ сака да освојува трофеи.

„И двата тима не создадоа чиста ситуација за погодок. Ако сакаме да освојуваме трофеи, мора да победуваме против такви екипи. Ни недостасуваше последното додавање. Имавме добри контранапади, но не успеавме да ги завршиме. Добро игравме, но на крајот не го постигнавме посакуваниот резултат“, коментираше Де Хеа.

По 26 одиграни меча, Манчестер јунајтед е на второто место со 50 бодови, дури 12 помалку од лидерот Манчестер сити. Црвените ѓаволи сезонава одиграа неколку дерби-мечеви, на кои резултатот беше 0:0. Освен против Челзи, Манчестер јунајтед без голови сезонава играше и против Арсенал и Ливерпул на гости и против Манчестер сити и Челзи на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести