Де Хеа и по 13 месеци неиграње добива понуди да му се врати на фудбалот

Шпанскиот голман Давид де Хеа веќе 13 месеци е надвор од фудбалските терени откако не го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на крајот од сезоната 2022/23. Иако официјално не е пензиониран, голманот ги одби сите понуди кои пристигнуваа до него, а денес шпанските медиуми пренесуваат дека тој е подготвен да се врати на фудбалските терени.

Триесет и тригодишниот голман има две понуди од клубови од Саудиска Арабаија. Едниот од нив е Ал-Шабаб, додека името на вториот не се открива во моментов. Понудите финансиски се примамливи, а според информациите, Де Хеа сериозно размислува да прифати една од нив.

Давид де Хеа последниот натпревар го одигра на трети јуни 2023 година, кога Манчестер јунајтед во финалето на англискиот ФА куп беше поразен од градскиот ривал Манчестер сити со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести