29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Де Хеа ќе ја напушти Фиорентина и ќе направи спектакуларен трансфер?!

Давид де Хеа во периодот од 2011 до 2023 година собра 545 настапи за Манчестер јунајтед, а откако му истече договорот, долго беше без клуб пред да потпише за Фиорентина.

Шпанецот има клаузула според која може да ја напушти Фиренца за „ситни“ пари, а медиумите на Островот пренесуваат сензационална информација.

Манчестер јунајтед има интерес да го врати Давид де Хеа на „Олд Трафорд“. Навивачите веќе се воодушевени од самата можност за ваков трансфер, а доколку се реализира, Шпанецот со сигурност ќе биде пречекан како вистинска легенда на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести