Давид де Хеа е одличен голман и тоа почна да го покажува и во дресот на Фиорентина. Вечерва во Фиренца им одбрани два пенали на фудбалерите на Милан и го водеше својот тим до триумф од 2-1.
Мејк Мењан исто така одбрани еден пенал во чудесната пресметка, но на крајот Росонерите останаа без бодови на овој дуел.
Мојзе Кен во 22-рата минута не реализира пенал откако Мењан успеа да го „прочита“. Сепак, Јасин Адли во 35-тата минута ја доведе Фиорентина во водство.
Во 45-тата минута на сцена стапи Давид де Хеа и го одбрани пеналот на Тео Ернандес.
Во 56-тата минута Де Хеа блесна и при ударот на Тами Ејбрахам од 11 метри, но четири минути подоцна сепак Кристијан Пулишиќ успеа да го совлада од игра.
Алберт Гудмундсон со гол ја награди одличната партија на Де Хеа, постигна победнички погодок во 73-тата минута и му донесе триумф на домаќинот.