Давид де Хеа останува на голот на Манчестер јунајтед најмалку до летото 2020 година. Всушност, станува збор за активирање на клаузулата за опцијата за продолжување на актуелниот договор за нови 12 месеци, а преговорите за нов долготраен договор се во тек. Де Хеа бара поголема плата од сегашната, а ова продолжување до 2020 е со цел да се спречи некој друг клуб да почне преговори или да го купи голманот веќе во јануари.
„Давид е голман од светска класа, најдобар голман на светот. Ако имаме амбиција да бидеме клуб кој ќе победува, треба да го имаме и најдобриот голман и некои други фудбалери кои се најдобри на светот на своите позиции“, рече Мурињо по победата над Јанг бојс во вторникот.