Де Хеа: Вака не се игра за Манчестер јунајтед – Матиќ: Јас сум виновен

Манчестер јунајтед со 4-0 загуби на гостувањето кај Евертон и остана чекор подалеку од трката за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона. „Црвените ѓаволи“ сезонава имаат примено 48 гола, повеќе од кога било во претходните 40 години, а сега за првпат по март 1981 година им се случува да загубат на пет гостувања по ред во сите натпреварувања.

По срамниот пораз од Евертон, со реакции се јавија неколкумина фудбалери. Голманот Давид де Хеа, кој четири пати ја вадеше топката од својата мрежа вели дека е срамно да се губи вака.

„За тоа како денеска се чувствувам, тешко е да се опише со зборови. Како капитен, сакам да кажам дека денешната игра и резултатот не беа на стандардот кој се очекува кога ќе го облечете овој дрес. Сите ние знаеме дека треба да се подобриме, но зборовите малку значат. Мора да дадеме сè за овој тим. Благодарам за безрезервната поддршка“, рече Де Хеа.

Дефанзивецот на Манчестер, Немања Матиќ, вели дека тој е одговорен.

„Денеска ништо не ни одеше како што сакавме. Јас, како најискусен во тимот ја преземам одговорноста. Не може за поразот да ги обвините младите. Јас сум најголем виновник“, рече Матиќ.

Тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер се извини на навивачите и побара да им дадат подршка на следните средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести