20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Де Хеа во Фиренца доби удар каков што не доживеал во кариерата

Давид де Хеа по подолго време се врати и пронајде клуб, но сега започнаа првите проблеми и во Фиорентина. По пауза од точно 447 дена, Де Хеа минатата недела се врати на голот и прими три гола. Потпиша едногодишен договор со Фиорентина, за која дебитираше против Пушкаш Академија.

Фиорентина синоќа одигра нов натпревар во Серија А, а Давид де Хеа претрпе удар каков што не памети во текот на кариерата.

Противник на Фиорентина во Фиренца беше тимот на Венеција, а натпреварот заврши 0-0, но Де Хеа немаше „чиста мрежа“.

Тренерот Рафаеле Паладино одлучи само по еден натпревар да го тргне Де Хеа и шанса да му даде на другиот голман. Шпанецот беше на клупата, а неговото место го зазеде Терачијано, 34-годишниот италијански голман.

На крајот, Терачијано имаше четири одбрани и беше еден од највисоко оценетите играчи на натпреварот, што сигурно не му оди во прилог на Де Хеа.

Следниот натпревар Фиорентина го игра на 29 август во Унгарија, во плејофот на Конференциската лига против Пушкаш Академија.

- Оглас -

Најнови вести