Де Јонг е амајлијата на Севилја, пак погоди на важен меч (Видео)

Лук Де Јонг се специјализира за голови на важните мечеви за Севилја и повторно е стрелец во голем меч, во финалето на Лигата на Европа, а со неговиот прецизен удар во 12. минута шпанскиот тим израмни на 1:1 против Интер.

Де Јонг ја искористи асистенцијата на Навас и погоди за 1:1. Акцијата за израмнување беше речиси идентична како победничката од полуфиналето против Манчестер јунајтед, кога истите двајца фудбалери скроија ситуација за победа од 2:1.

Претходно Ромелу Лукаку му донесе предност на Интер со гол од пенал во петтата минута.

- Оглас -

Најнови вести