Френки де Јонг е близу до обновување на договорот со Барселона под услови кои одговараат на тековната финансиска состојба на клубот. Ова го објави шпанското издание на „Спорт“.
По месеци шпекулации околу неговата иднина, играчот од средниот ред неодамна потврди дека преговорите напредуваат добро и се надева дека наскоро ќе се постигне договор.
Де Јонг ја заврши сезоната 2024/25 во многу добра форма. Под водство на Ханси Флик доби доверба во некои од најважните натпревари во годината, докажувајќи дека проблемите со глуждот, кои го мачеа физички и психички, веќе се минато.
Холандскиот репрезентативец оваа сезона за Барселона одигра 46 натпревари и беше важна алка во освојувањето на трофеите од Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија.