Френки Де Јонг нема потпишано, ниту договорено трансфер во ПСЖ. Младиот фудбалер на Ајакс од девојката слушнал дека има понуда од парискиот клуб, вредна 75 милиони евра. Тој вели дека нема шанса да одлучи пред нова година каде ќе ја продолжи кариерата од следната сезона.
„Девојката ме разбуди во петокот наутро и ми кажа дека сум имал понуда од 75 милиони. Нема никаков договор. Немам донесено одлука. Размислувам само за игрите во Ајакс. Ни останаа уште пет меча до зимската пауза, не можам да си го трошам времето со шпекулации околу мојата иднина. Би било непочитување кон клубот и соиграчите ако коментирам за следен клуб“ – изјави Де Јонг.
За него се интересираат Барселона, Манчестер сити, ПСЖ, и други клубови. Барса беше најзагреана за него, но тој „лајкува“ објави на Реал Мадрид по социјалните мрежи, а Сити и ПСЖ му нудат многу пари.