12.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Де Јонг по поразот од ПСЖ: Беше добар натпревар за да видиме каде сме

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен заврши онака како што посакуваа гостите од Париз, со нивна победа од 2-1, а капитенот на Барса, Френки Де Јонг, рече дека се многу разочарани, но овој меч им покажал колкави се можностите на составот кој го предводи Ханси Флик.

„Многу сме разочарани, загубивме дома со примен гол во последната минута. Тие беа подобри во второто полувреме. Во првото полувреме беше поизрамнет натпревар, а ние бевме подобри, особено во првите минути, но вистина е дека тие беа подобри во второто“, започна Холанѓанецот.

Тој исто така нагласи дека иако поразот е болен, покажал дека имаат простор за подобрување.

„И ние имавме отсутни играчи, ова беше беше добар натпревар за да видиме каде се наоѓаме. Ние сме исто така врвен тим во Европа, но иако овој пораз боли, тој не е одлучувачки, долг е патот во ЛШ“, додаде Де Јонг кој во првото полувреме доби жолт картон за фаул од позди над Нуно Мендеш, за што реагираа играчите и фановите на ПСЖ кои смета дека Френки требало да биде исклучен.

- Оглас -

Најнови вести