Де ла Фуенте ќе добие нов договор и ќе биде селектор на Шпанија до 2028 година

Фудбалската федерација на Шпанија постигнала договор со селекторот на националниот тим, Луис де ла Фуенте, за продолжување на неговиот договор по неколкумесечни шпекулации дека тој не бил задоволен со актуелните услови. Тој ги надмина сите резултатски очекувања откако ја презеде Црвената фурија, а Федерацијата одлучи да ги исполни неговите барања и да му понуди нов договор.

Де ла Фуенте ја одведе Шпанија до триумф на ЕВРО 2024, по што даде навестување дека е подготвен да го продолжи договорот. Сепак, тоа не беше можно додека не се избере нов претседател.


Сега Рафаел Лузан постигнал договор со Де ла Фуенте за договор кој ќе му носи над 2 милиони евра годишно, вклучувајќи и големи бонуси. Оваа сума е помала од 3 милиони евра, сумата на која се надеваше селекторот, но договорот ќе биде продолжен најмалку до 2028 година, а можеби и подолго, објавува „Кадена СЕР“.

Новиот договор на Де ла Фуенте сепак е повеќе од двојно подобар на финансиски план од тоа што го заработуваше досега.

- Оглас -

Најнови вести