Де ла Фуенте ќе ја предводи Шпанија до 2028 година

Фудбалската федерација на Шпанија го продолжи договорот со селекторот Луис де ла Фуенте за уште две години, односно до крајот на Европското првенство во 2028 година.

„Луис де ла Фуенте ќе ја предводи машката репрезентација до крајот на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска,“ се наведува во официјалното соопштение на Федерацијата.

Претходниот договор на Де ла Фуенте беше со важност до 2026 година, по завршувањето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Луис де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година, наследувајќи го Луис Енрике по елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Тој успеа да го освои трофејот на ЕВРО 2024.

- Оглас -

Најнови вести