16.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија има шанса да го повтори успехот што го имавме во периодот од 2008 до 2012 година

Шпанската фудбалска репрезентација денеска може да го потврди учеството на Светското првенство во 2026 година. Црвената фурија гостува кај Грузија и со евентуален триумф ќе биде сигурен учесник на Мундијалот кој ќе се игра следната година.

Во досегашните четири меча Шпанија има перфектни четири победи и гол разлика од 15 дадени и ниту еден примен гол. Селекторот Луис Де ла Фуенте е полн со оптимизам не само пред денешниот меч, туку има и голема доверба во своите фудбалери.

„Знаеме колку е важен овој меч за нас и колку ни значи да победиме. Затоа ќе бидеме максимално фокусирани. Нашата цел е да се пласираме на СП 2026 и затоа сакаме да победиме против Грузија. Верувам дека овој тим може да биде на нивото на репрезентацијата која блескаше во периодот од 2008 до 2012 година. На добар пат сме да го направиме тоа. Овие фудбалери имаат шанса да направат историја“, рече Де Ла Фуенте, кој ја предводеше Шпанија до европската титула минатата година, а сега сигурно ќе атакува и на златото на Мундијалот во 2026 година.

Шпанската репрезентација во период од 2008 до 2012 година освои две европски титули, а беше и светски првак на Мундијалот во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести