Де Лаурентис: Ако терените не се на ниво, Наполи нема да оди на Суперкупот во Саудиска Арабија

Италијанскиот Суперкуп, кој годинава за првпат ќе се игра со четири тима, и тоа во Саудиска Арабија од 18 до 22 јануари, може да биде обвиен со голем скандал доколку претседателот на Наполи ги реализира најавите дека нема да го пушти тимот доколку терените за тренинг не се на потребното ниво.

Аурелио де Лаурентис ќе патува лично во Ријад и како предводник на делегацијата на Наполи да се увери во квалитетот на терените на коишто тренира и суперѕвездата Кристијано Роналдо, кој е играч на Ал-Наср.

Наполи во полуфиналето треба да игра со Фиорентина, а другата полуфинална двојка е Интер – Лацио. На стадионот на Ал-Наср во јануари ќе се игра и шпанскиот Суперкуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести