Де Лаурентис е среќен: „Подготвени сме да учествуваме во креирањето на овој проект“

Се чини дека фудбалската Суперлига го доби својот трет сигурен учесник откако италијанските медиуми пренесуваат дека екипата на Наполи прифаќа да учествува во новото натпреварување.

Медиумите од Чизмата пренесуваат изјава од претседателот на Наполи, контроверзниот Аурелио де Лаурентис, кој е среќен поради одлуката на судот со која се дозволува формирањето на Супер лигата.

„Аурелио де Лаурентис е среќен поради тоа што се случи. Тој е подготвен да учествува заедно со другите екипи од Европа во креирањето на овој проект“, вели италијанскиот новинар Џовани Капуно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести