Веќе е познато дека Лучано Спалети следната сезона нема да го предводи Наполи, иако успеа на клубот од Неапол да му донесе шампионска титула по 33 години. Претседателот на Наполи, Де Лаурентис, ги објасни причините за заминувањето на тренерот.
„Спалети навистина беше одличен тренер, тој е слободен човек, даде многу за нас, му се заблагодаруваме и во моментов тој го направи тоа што самиот го сакаше“, вели Де Лаурентис.
Објаснување даде и самиот Спалети.
„Понекогаш мора да раскинете поради преголема љубов. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се премислам. Им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да работам во ниту еден клуб. Само ќе одморам една година.“