24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Де Лаурентис го избра новиот тренер на Наполи

Откако пропаднаа преговорите со Антонио Конте, сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, веднаш се сврте кон ново решение за клупата на италијанскиот шампион и кое го најде во Фиренца.

Според италијанските медиуми, нов тренер на Наполи ќе биде актуелниот тренер на Фиорентина, Винченцо Италијано.

Засега се водат преговори со управата на Фиорентина дали ќе дозволи за одредена отштета Италијано уште сега да седне на клупата на Наполи. Доколку не најдат заеднички јазик, тогаш Италијано налето ќе се пресели во Неапол.

Италијано од 2021 година седи на клупата на Фиорентина, која сезонава игра фантастично и моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со 33 бода, шест помалку од третопласираниот Милан, а еден повеќе од Болоња.

Наполи, кој е актуелен италијански шампион, сезонава пак игра очајно и се наоѓа на деветтото место само со 28 освоени бода, дури 20 помалку од лидерот во Серија А, Интер.

Слабите игри сезонава го натераа Де Лаурентис веќе да го смени Руди Гарсија со Валтер Мацари, но ниту Италијанецот не се покажа како добро решение и деновите на клупата на Наполи му се избројани.

- Оглас -

Најнови вести