Де Лаурентис: Играчите постари од 28 години не би требало да играат во репрезентациите

Газдата на Наполи и еден од најконтроверзните ликови во европскиот фудбал, Аурелио де Ларуентис, повторно имаше интересен јавен настап. Во разговор за „Спорт медијасет“, Де Ларуентис го изрази своето незадоволство од настапите на поголем дел од фудбалерите за националните репрезентации и ризикот тогаш да бидат повредени.

„По мое мислење, фудбалери коишто имаат 32 години и повеќе не би требало да играат во националните состави. Мислам дека ни оние кои имаат 28 години не треба да се во репрезентациите. Треба да му се остави избор на клубот да реши дали ќе му дозволи на играчот да замине на репрезентативни обврски. Треба да постои опција клубот да рече „НЕ“, на пример, ако се работи за пријателски натпревар. Ако сум го платил фудбалерот 50 милиони евра, а тој се повреди за репрезентацијата, клубот треба да добие финансиски надомест за секој ден кога играчот ќе биде надвор од тимот“, вели Де Лаурентис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести