На Рамадани му фали уште некој милион – Де Лаурентис ја одби понудата на тетовецот и на Манчестер сити

Фали Рамадани и Аурелио де Лаурентис водат долга битка за Калиду Кулибали, а понудата на фудбалскиот менаџер од Тетово од 55 милиони евра што ја има за својот штитеник од Манчестер сити е одбиена од раководството на Наполи.

Според инфомациите од италијанските медиуми, Аурелио де Лаурентис не прифаќа помала сума од 80 милиони евра, а веќе одби и понуди и од Сити и од Манчестер јунајтед, но и од уште неколку европски гиганти за Сенегалецот.

Кулибали сака да си замине од Неапол по шест години минати на „Сан Паоло“, што значи дека ќе продолжи надмудрувањето меѓу Рамадани и Де Лаурентис.

Калиду е роден во Франција, но игра за Сенегал и го сметаат за еден од најдобрите стопери на светот.

- Оглас -

Најнови вести