Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, откри дека одбил да го продаде тимот за 2,5 милијарди евра. Тој исто така откри дека понудата дошла од Саудиска Арабија.
„Ми нудеа 2,5 милијарди евра. Но, воопшто немав никакви дилеми, веднаш ги одбив. Наполи е семејна играчка и не ја даваме никому“, изјави Де Лаурентис.
Сопственикот на Наполи откри и дека има план и да го реновира стадионот „Диего Марадона“, но чека дозвола од градските власти.
„Јас сум Наполитанец и се гордеам со тоа. Го сакам овој клуб и ќе направам сè за него. Милсам дека наскоро ќе го реновирам стадионот. Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија сакаше да вложи пари и во реконструкција на стадионот, но не го давам Наполи. Ќе го реновирам стадионот со сопствени пари, но под услов градските власти да се согласат да ми го продадат за едно евро“, изјави Де Лаурентис.
Аурелио де Лаурентис го презеде Наполи во 2004 година и го спаси од испаѓање од Серија А, а сезонава повеќе од сигурно е дека ќе ја освои титулата, трета во клупската историја.