Де Лаурентис: Ова е само почеток, следна е Лигата на шампионите (Видео)

Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, во еуфоричниот говор на преполниот стадион „Диего Марадона“, на кој се следеше дуелот во Удине, изјави дека титулата во Серија А е само почеток и е најава на голем проект кој треба да резултира со титула и во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/i/status/1654224584533499906

Наполи по ремито против Удинезе (1:1), на пет кола до крајот на сезоната ја обезбеди титулата, трета во клупската историја, а прва по 1990 година.

„Ова е кулминација на очекувањата кои траеја 33 години. Кога пристигнав во Наполи, реков дека ќе ни бидат потребни 10 години за да се вратиме во Европа и тоа ветување го исполнив предвреме. Потоа реков дека ќе ни бидат потребни 10 години за да ја освоиме титулата во Серија А и тоа го исполнивме предвреме. Сега мораме повторно да победиме и, да, ни недостасува Лигата на шампионите“, рече Де Лаурентис пред преполниот „Диего Марадона“.

„Ни беше потребен воздух да летаме високо како група, без себичност, без индивидуалност, кои ни беа кочница во минатото. Проектот никогаш не запира. Почнуваме повторно со Спалети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести