Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, потврди дека напаѓачот Виктор Осимен ќе го напушти тимот на крајот од сезоната. Според Де Лаурентис, Осимен има три опции за продолжување на кариерата.
„Тоа го знаеме уште од минатото лето. Преговорите за продолжување на договорот не беа така долги. Негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид, ПСЖ или некој тим од Премиер лигата“, изјави Де Лаурентис.
Осимен минатиот месец потпиша нов договор со Наполи до 2026 година во кој е вметната откупна клаузула која изнесува меѓу 120 и 130 милиони евра, и која се очекува да биде активирана налето.
Со новиот договор, напаѓачот доби двојно поголема плата и таа сега изнесува 10 милиони евра по сезона.