10.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Де Лаурентис: Сакам во Наполи да играат Американец и Јапонец

Во интервју за весникот „Република“, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека би сакал во клубот да донесе играчи од САД и Јапонија, верува дека во тие земји има „материјал“ и потенцијал, како маркетиншки, така и фудбалски.

„Би сакал во составот да имаме и Американец и Јапонец. Иако лигата во САД не е толку силна, има одлични фудбалери кои блескаат во националниот тим. Треба да размислиме и за Јапонец. Кореец веќе имаме, источниот пазар е многу важен. Но, од актуелниот состав, не сакам никого да продадам“ – вели Де Лаурентис кој додаде и дека е среќен што Грузиецот Хвича Кварацхелија кој одигра феноменално сезонава и цената драстично му скокна, го купиле за само 11 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести