Наполи нема намера летово да го продаде најдобриот стрелец Виктор Осимен, освен ако не добиe некоја екстремно богата понуда.
Интересно е дека претседателот на Наполитанците, Аурелио де Лаурентис, вели дека Пари Сен Жермен е единствениот клуб кој финансиски може да си дозволи да го купи Нигериецот Осимен.
„Верувам дека Осимен ќе остане и во следната сезона, го сакам тоа, а ако не, тогаш ќе купиме одличен напаѓач кој ќе биде соодветна негова замена. Единствен клуб кој може да го купи Виктор е ПСЖ. Ако Ал Келаифи понуди 200 милиони, ќе ја разгледаме понудата“, вели Де Лаурентис.
ПСЖ би тргнал по првиот стрелец на Серија А само ако летово го продадат Килијан Мбапе.