Де Лаурентис: Со трите засилувања кои ги планираме, Наполи ќе има тим за титула!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека ако клубот ги доведе во своите редови тројцата фудбалери со кои преговара, тогаш екипата ќе биде доволно добра за да се бори за шампионската титула во Серија А.

Наполи летово во своите редови ги донесе голманот Сиригу, потоа Оливера, Кварацхелија и Симеоне, а во план им се искусниот и трофеен костарикански голман Кејлор Навас, Ндомбеле, кој би дошол како позајмен, и италијанскиот репрезентативец Распадори.

„Со овие три засилувања ќе имаме тим за Скудето“, вели Де Лаурентис, кој работи на трансферите со кои тренерот Спалети навистина би имал добар состав.

- Оглас -

Најнови вести