Де Лаурентис: “Среќа што не го ангажирав Луис Енрике, па види што прави со ПСЖ“

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, како и секогаш без влакна на јазикот одговараше на сите новинарски прашања кои му беа поставени. Запрашан за моменталната состојба во клубот и лошиот старт на сезоната, вели дека е убеден дека Наполи до крајот на првенството ќе се бори за титулата.

– “Сигурен сум дека и оваа сезона до самиот крај на првенството ќе се бориме за титулата. Ова лето бев во контакт со неколку тренери. Тијаго Мота не сакаше да дојде, а имав и неколку разговори со Луис Енрике. Му благодарам на Бога што не го донесов, погледнете што прави тој со ПСЖ.“ – рече Де Лаурентис.

Тој се осврна и на Супер купот на Италија кој треба да се одигра во Саудиска Арабија.

– “Оној што сака да се игра Супер купот со Арабија е лудак. Гледате ли што се случува во Израел? Сигурен сум дека летовите над тој регион ќе бидат забранети. И сега да одиме таму за некој да заработи неколку милиони? Ајде да играме на Олимпико!“ – додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести