26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Де Лаурентис стави точка на шпекулациите за можниот трансфер на Кварацхелија

Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, стави крај на шпекулациите за еден од најдобрите фудбалери на екипата, Хвича Кварацхелија, изјавувајќи дека Грузиецот и следната сезона ќе го носи дресот на тимот од Неапол.

„Ве молам, престанете да ме з****вате. Познато е дека Кварацхелија потпиша петгодишен договор, така што нема шанси претстојното лето да си замине. Не го донесовме за една сезона и со него имаме големи амбиции. На сите заинтересирани екипи можеме да им порачаме, Кварацхелија нема да биде продаден“, изјави Де Лаурентис.

Изминатиот период медиумите пишуваа дека интерес за Кварацхелија пројавуваат гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести