Де Лаурентис во свој стил: “Не можете да ја освоите титулата без измами“

Актуелниот шампион на Италија, екипата на Наполи, оваа сезона игра во катастрофална форма и во моментов е на петтата позиција на табелата со заостанување од 11 поени позади лидерот Интер.

Клубот од Неапол утре го игра дерби-дуелот против Јувентус, а претседателот на Наполи во свој стил ја коментира лошата форма на клубот.

– “Не можете да го освоите Скудетото без измами. За освојување е потребно да се склопат коцките, но тие не секогаш се исти. Иако немавме големи измени во играчкиот кадар, сепак тие не одговараат секогаш на ист начин. Имавме среќа да најдеме играчи ширум Европа на кои не им одеше баш најдобро во нивните првенства. Имавме и малку среќа, која секогаш е потребна во животот. Без таа среќа, нема да ја добиете волшебната комбинација која ви е потребна за успех.“ – вели Де Лаурентис.

- Оглас -

Најнови вести