Де Лихт: Баш кога ќе помислите дека Реал е мртов, тој повторно станува

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матајс де Лихт, призна дека е многу разочаран поради поразот во последните моменти од мечот со Реал Мадрид. Баерн Минхен водеше со 1:0 до 88-мата минута, но потоа Реал со фуриозен финиш постигна два гола и стигна до триумф од 2:1, кој го однесе Кралскиот клуб во финалето од Лигата на шампионите.

„Емоциите се лоши. Бевме толку блиску до финалето. Од победа до пораз за 10 минути. Ова е многу лоша вечер за нас. Бевме многу блиску, но токму кога ќе помислиш дека Реал Мадрид е мртов, тие се издигнуваат. Затоа и имаат 14 титули во Лигата на шампионите“, рече де Лихт.

Дефанзивецот на Баерн не заборави да ја искоментира ситуацијата кога Баерн Минхен даде гол за 2:2 во последните моменти од мечот, но судијата го поништи поради офсајд, без да дозволи акцијата да заврши, па да проверува дали имало прекршување на правилата.

„Мислам дека сите ги знаеме правилата за тоа како треба да се постапи ако има офсајд. Требаше играта да продолжи. При голот на Хоселу за 2:1 имаше кренато знаме за офсајд, но судијата остави играта да продолжи. Зошто не го направи тоа и за нас? Сепак, на крајот лесно е да се зборува за судијата, но Реал заслужено победи“, рече де Лихт.

По оваа елиминација стана јасно дека Баерн Минхен по 2012 година за првпат ќе заврши една сезона без да освои ниту еден трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести