Де Лихт: Го одбрав Баерн затоа што игра сличен фудбал како Ајакс

Матајс де Лихт од вчера и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен откако се комплетира трансферот од Јувентус за сума од 67 милиони евра, плус 10 милиони кои ќе се исплаќаат во бонуси.

Де Лихт стави потпис на петгодишен договор според кој ќе се задржи на „Алијанц арената“ до јуни 2027 година. Го задолжи дресот со број 4 и претставува нов лидер на одбраната на германскиот првак.

Холандскиот стопер пред трансферот беше цел на повеќе европски гиганти, но го одбра Баерн од причина што дели слична филозофија како Ајакс, клубот од каде што потекнува Де Лихт.

„Пресреќен сум што сум дел од најголемиот клуб во Германија, еден од најголемите во светот. За мене е огромна чест да се носи овој дрес, доаѓам во клуб со шампионска историја и гладен за нови успеси. За мене беше важно да играм за клуб кој сака да делува офанзивно да теренот бидејќи иако сум дефанзивец, јас знам да водам топка и да организирам напад. Токму таков е стилот на Баерн, сличен на Ајакс, додека во Јувентус имав поразлична улога“, истакна Де Лихт.

- Оглас -

Најнови вести