Јувентус – Тотенхем (13:30 ч.)
Најтрофејниот италијански клуб има одлична можност да ја измери силата пред почетокот на новата сезона. За ривал го има финалистот во Лигата на шампиони. Според најавите, најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот Матејс де Лихт треба да дебитира во дресот на Јувентус, а Старата дама ќе биде без Арон Рамзи, додека неизвесно е дали тренерот Маурисио Сари ќе смета на Кјелини, Пелегрини, Дибала, Сандро и Квадрадо.
Во изминативе три години овие екипи играа вкупно четири пати и секогаш имало минимум два гола, па и овојпат се очекува да има погодоци, но на крајот Јувентус да биде подобар.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.00)
Јанг Бојс – Сервет (16 ч.)
Ова е дуел на шампионот во Швајцарија против тимот кој минатата сезона беше најдобар во втората лига и се избори за влез во елитата. Цели шест години не играле меѓусебе, а во последните 30-тина средби не се случило да нема голови.
Јанг Бојс и оваа сезона ќе биде главен фаворит за одбрана на тронот, па домаќините сигурно нема да дозволат уште на стартот да киксираат против новиот прволигаш.
Предлог тип: Т1 3+ (2.10) – квота на денот во Sport Life
Малме – Сириус (15 ч.)
Домаќините се борат за шампионската титула и сигурно нема да дозволат кикс против екипа која има двојно помалку поено освоено од нив. Малме има само бод повеќе од АИК Стокхолм, па затоа потребно е на свој терен секогаш да бидат успешни. Засега тоа и го остваруваат бидејќи во осум меча имаа биланс од седум победи и едно реми со одлична гол разлика од 21 дадени и само 5 примени гола.
Сириус е тим кој игра затворено и најважно му е да не прими гол. Сепак, тешко дека денеска ќе успее да издржи „бункерот“ на гостите. Малме победил шест од последните седум меча со овој ривал и најчесто тоа било со повеќе голови.
Предлог тип: 1-1&2+ (2.15) – квота на денот во Sport Life
Молде – Сарпсборг (20 ч.)
Ова треба да биде само формалност за домаќините да ги освојат трите бода. Молде е прв на табелата во Норвешка, а гостите се во зоната за испаѓање. За Молде ова ќе биде одлична шанса повторно да се врати на победнички патеки, откако во претходните две средби ремизираше.
Пред своите навивачи Молде сезонава во 7 меча има шест победи и реми, со дури 19 дадени гола. Сарпсборг е противник баш по мерка за нова голеада.
Предлог тип: 1&2-5 (2.00) – квота на денот во Sport Life
Локомотив Москва – Тамбов (15:30 ч.)
Локомотив одлично ја почна сезоната, освојувајќи го Суперкупот на Русија. Сепак, во првото коло од шампионатот, Локомотив на свој терен киксна и одигра само 1:1 против Рубин Казан. Шанса за поправен има денес, повторно пред своите навивачи, а ривалот е по мерка.
Тамбов е клуб кој до лани играше во втората лига и главна цел на оваа екипа ќе биде да се обиде да опстане во елитата. Сепак, гостување кај Локомотив не е место каде што може да бара освојување на бодови.
Предлог тип: 1-1 3+ (3.10)