Де Лихт мора на оди „под нож“

Матајс Де Лихт, стоперот на Јувентус, наскоро ќе мора да изврши операција на рамото со цел да го реши проблемот со кој се мачи уште од ноември минатата година. Холанѓанецот мора да го надмине хроничниот проблем што порано, но со оглед на тоа дека Де Лихт е важен играч на Бјанконерите, можно е да се оди на ризик до крајот на сезоната.

Јувентус напоредно смета дека ќе остане без Де Лихт за реваншот против Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи ќе му биде потребно време за рехабилитација, а воедно пред екипата е и обврската да ја одбрани титулата во Серија А.

Младиот дефанзивец одигра 35 меча досега во дебитантската сезона за Старата дама откако ја презеде обврската да го пополни местото на капитенот Кјелини, кој долго време беше надвор од терените.

- Оглас -

Најнови вести