Де Лихт: Не жалам што преминав во Јуве

Матајс де Лихт, одбранбениот фудбалер на Јувентус, изјави дека не жали што потпишал за италијанскиот првак и со тоа го демантираше својот сонародник Патрик Клајверт.

„Не жалам што се преселив во Јувентус. Кога личност како Клајверт ќе го каже тоа, на многумина им делува како вистина, но тоа е само негово мислење“, изјави 21-годишниот Де Лихт.

Пред некој ден, Клајверт рече дека Де Лихт, кој не игра редовно во Старата дама (има девет настапи во Серија А и три во Лигата на шампиони), жали што потпишал за Јуве, а не за Барселона, која исто така многу го посакуваше во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести