Де Лихт „плука во стариот бунар“: Јувентус не покажа амбиција да се бори за титулата во ЛШ

Холандскиот дефанзивец Матајс де Лихт смета дека направил добар потег со преселбата од клуб (Јувентус) кој нема амбиции да ја освои Лигата на шампионите во клуб (Баерн Минхен) кој сака да биде европски првак.

„Уживав во Јувентус, тоа е одличен тим, но ми требаше предизвик, преминот во Баерн беше чекор напред за мене. Клубот има амбиции да ја освои ЛШ, а не го видов тоа во Јувентус. Баерн е поблизок до стилот на игра на холандската репрезентација. Многу сум задоволен како ми поминаа првите два месеца во Баерн”, вели Де Лихт, кој летово направи трансфер од италијанскиот во германскиот гигант за 67 милиона евра.

Старата дама не била европски првак уште од 1996 година, а Баварците за последен пат ја освоија ЛШ во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести