Холандската фудбалска легенда Патрик Клајверт, кој ја извршува задачата на раководител на младинската академија на Барселона, говореше околу одлуката на Матајс де Лихт да го одбере Јувентус пред Барселона.
Одличниот дефанзивец имаше шанса заедно со сонародникот Френки де Јонг да го напуштат Ајакс во еден правец. Де Јонг се пресели во редовите на шпанскиот првак, но сепак Де Лихт се одлучи за Старата дама. Клајверт смета дека Де Лихт сега се кае за таа одлука.
„Кога ќе го видите Де Јонг како игра, ќе си помислите дека е во Барселона со години. Се чувстува задоволно и тоа се забележува на теренот. Што се однесува за Де Лихт, јас му ги посочив сите позитивни аспекти на клубот и градот, но никогаш не го убедував да потпише за Барселона. Несомнено се работи за фантастичен дефанзивец, но мислам дека сега малку се кае што го одбра Јувентус. Но, тоа е што е, од сопствените одлуки се учат најголемите животни лекции“, истакна Клајверт.
Де Лихт од стартот на кариерата во Јувентус често се наоѓаше на удар на критичарите, меѓутоа со неговите изјави сака да докаже дека тоа не влијае врз него и дека му е потребно време да се адаптира на животот во Италија и начинот на којшто се игра фудбалот.