13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Де Лихт во одбрана на Аморим: „Виновни се фудбалерите, а не системот на тренерот“

Манчестер јунајтед по поразот од 3-1 од Брентфорд падна на 14-тата позиција на премиерлигашката табела само со седум бода. Веднаш по поразот започнаа шпекулациите за смена на Рубен Аморим, но холандскиот интернационалец Матајс де Лихт вели дека виновни се фудбалерите, а не тренерот.

„Лесно е вината да биде насочена кон тренерот, но играчите се тие кои на теренот мора да се справат со ситуацијата. Не може да го обвиниме системот за головите кои ги примивме или за шансите кои ги дозволивме. Тоа зависи од концентрацијата и фокусот во клучните моменти – ако ги нема, тоа се одразува на резултатот. Разочарани сме бидејќи цела недела зборувавме за тоа да го продолжиме доброто темпо и да запишеме уште една победа. Поразот на овој натпревар е сериозен удар за нас“, вели Матајс де Лихт.

- Оглас -

Најнови вести