И по еден час игра во Будимпешта, нема гол на осминафиналниот меч помеѓу Холандија и Чешка, но сега шансите на Чесите за изненадување растат затоа што Лалињата до крајот ќе мора да бидат со еден играч помалку. Исклучен беше Матајс де Лихт, кој намерно играше со рака и спречи чиста шанса за гол.
Судијата Карашев на Де Лихт најпрвин му покажа само жолт картон, но потоа по интервенција на ВАР, рускиот судија отиде да види повторена снимка од ситуацијата и се увери дека Холанѓанецот според сите правила, мора да добие црвен картон.