Де Пол: Знаеме против кого играме, ова е дерби што го гледа целиот свет

Реал Мадрид ќе го пречека Атлетико Мадрид утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Мадридските ривали се во трката за шампионската титула во Ла Лига, а сега ќе имаат и пресметка во елитното европско клупско натпреварување.

Играчот за врска на Атлетико, Родриго де Пол, истакна дека е возбуден како првиот ден во Атлетико и дека едвај го чека почетокот на дербито.

„Чувствувам големо возбудување, како да е мојот прв ден во Атлетико. Со истата желба што ја имав кога пристигнав, да го одведам тимот до важно место во Европа, почитувајќи ги неговите вредности и историја. Сите улоги имаат тежина, а најголемата сила е колективот – така се формираат тимовите. Прифаќам сè што треба да направам и сакам од мене да се бара максимумот. Ова е дерби што сите го гледаат, а ти сакаш да играш вакви битки што бараат целосна концентрација“, изјави Родриго де Пол.

- Оглас -

Најнови вести