Даниеле де Роси ја препороди Рома откако го наследи Жозе Мурињо, но постои шанса тој следната сезона да не седи на клупата на Римската волчица, туку на друг тим од Серија А, објавија италијанските медиуми.
Иако Де Роси ја искачи Рома на петтото место на табелата, со само три бода помалку од Болоња, управата на Римската волчица се уште одолговлекува со понудата за нов договор и тоа сака да го искористи Фиорентина.
Сопственикот на Фиорентина, американскиот милијардер со италијанско потекло, Роко Комисо, налето планира да го промени стручниот штаб и за тренер да го донесе Даниеле де Роси.
Де Роси откако го наследи Мурињо, на 16 мечеви како тренер на Рома оствари 11 победи, три ремија и само два порази.