Де Роси ја препороди Рома, Волчицата растура во Серија А (Видео)

Одлуката на челниците на Рома да му врачат отказ на Жозе Мурињо на почетокот од годината и да го заменат со клупската легенда, Даниеле де Роси, се покажа како идеален потег и Римската волчица игра неверојатно.

Откако Де Роси ја презеде Рома, остварени се пет победи и само еден пораз од лидерот Интер, последна жртва е Монца која е декласирана со убедливи 1:4.

Со победата, Рома се искачи на петтото место на табелата со 47 бода, само еден помалку од четвртопласираната Болоња која е на позицијата која води во Лигата на шампионите.

Победата ја најави капитенот Лоренцо Пелегрини во 38-та минута, а само четири минути подоцна, Ромелу Лукаку погоди за 0:2.

Во второто полувреме, Рома постигна уште два гола, прво Пауло Дибала погоди за 0:3 во 63-тата минута, а во финишот Леандро Паредес ја завери победата.

Монца во последните моменти од мечот, успеа да постигне почесен гол преку Карбони.

- Оглас -

Најнови вести