На крајот од минатата сезона, Даниеле де Роси си замина од Рома. Тоа е клубот во кој целата досегашна кариера ја помина легендата на Римската волчица. Иако според многумина, тоа требаше да значи и крај на играчката кариера на Де Роси, фудбалерот има друга идеја.
Италијанскиот играч за врска ќе остане верен и нема да заигра ниту за еден друг клуб во Италија, па дури и во Европа, туку ќе се пресели во Јужна Америка. Де Роси ќе потпише едногодишен договор со аргентинскиот гигант Бока јуниорс. Аргентинските медиуми потврдуваат дека договорот е склучен, а утре треба да бидат поминати лекарските прегледи за да биде официјализиран и договорот.
„Не можам да ја завршам кариерата ако не заиграм за Бока јуниорс“, му рекол Де Роси на својот некогашен колега Николас Бурдисо, кој сега е спортски директор во аргентинскиот гигант.